ФРАНЦУЗИТЕ ИЗБИРААТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД КОЈ ЌЕ ЗАВИСИ ИДНИНАТА НА ЕВРОПА

    ФРАНЦУЗИТЕ ИЗБИРААТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД КОЈ ЌЕ ЗАВИСИ ИДНИНАТА НА ЕВРОПАИ двајцата кандидати је водат Франција во неизвесна иднина затоа што не доаѓаат од главните партии кои што со децении доминираа во политиката - постери на Макрон и на ле Пен (Фото: АП)

    Гласачите во Франција гласаат во вториот круг претседателски избори што можат да ја одредат иднината на Европа, избирајќи помеѓу независниот центристички кандидат Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин ле Пен.

    Макрон е фаворит. Гласачките места се отворени во 8 часот. Низ целата земја се распоредени 50.000 припадници на безбедносните сили за да спречат можни екстремистички напади. Првичните резултати ќе се знаат откако ќе бидат затворени гласачките места во осум часот навечер.

    Невообичано тензичната и непредвидлива претседателска кампања заврши со хакерски атак на Макрон и истекување на негови документи во јавноста во петокот навечер, неколку часа пред да почне изборниот молк.

    И двајцата кандидати је водат Франција во неизвесна иднина затоа што ниту Макрон, ниту ле Пен  не доаѓаат од главните партии кои што со децении доминираа во политиката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира