Актерот Игор Џамбазов ќе го замени колегата Владо Јовановски во ТВ серијата „Преспав“, соопшти продукцијата ОХО, од каде додаваат дека веќе почна првата клапа од снимањето на втората сезона од ТВ серијата.
„Со мало освежување во актерската постава, односно на местото на Владо Јовановски продолжува Игор Џамбазов, што претставува промена, која ќе донесе нов квалитет во серијалот“, велат од ОХО.
Серијата „Преспав“ претставува метафора на реалните општествени случувања во Македонија,
во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат, а водени од желбата да ги почитуваат европските стандарди.
Актерската екипа ја сочинуваат Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Владо Јовановски и Адриан Азири. Сценаријата се на Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов.