МОЖЕ ДА ОСТАНЕМЕ БЕЗ ВОДА, ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ПОБАРАА ПАРЛAМЕНТОТ ДО ПЕТОК ДА НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА НИВНИОТ МАНДАТ

    МОЖЕ ДА ОСТАНЕМЕ БЕЗ ВОДА, ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ПОБАРАА ПАРЛAМЕНТОТ ДО ПЕТОК ДА НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА НИВНИОТ МАНДАТГрадоначалниците на Гостивар, Скопје и Куманово, Невзат Бејта, Коце Трајановски и Зоран Дамјановски на денешната прес-конференција. (Фото: ЗЕЛС)

    Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денес побара од Парламентот најдоцна до петок, неделава, да најде решение за мандатите на градоначалнитите и на советниците оти на 15 мај, според постојната регулатива, нивните мандати истекуваат. Армија од над 45.000 вработени може да остане без плата ако не се најде некое решение.

    „Противпожарните служби, поради непримање плата може да немаат услови за извршување на обврските. Нема да се издаваат градежни дозволи, околу 5.000 вработени во локалната сампуправа нема да примаат плата, над 10.000 вработени во јавни претпријатија и над 30.000 вработени во основните и средните училишта и градинките. Може да се доведе во прашање и испораката на вода, собирањето смет, како и склучувањето бракови бидејќи официјални сведоци се членови на општинските совети. Ќе се стопира и развојот на бизнисите и фирмите бидејќи нема да се издаваат Б интегрирани дозволи, а може да се случи да нема и улично светло“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, претседател на ЗЕЛС.

    Тој, заедно со потпретседателите на ЗЕЛС Невзат Бејта и Зоран Дамјановски најави дека градоначалниците и советите по 15 мај нема да носат одлуки затоа што секоја одлука би можела да се протолкува како противправно поведение. На овој став ќе останат градоначалниците се додека не се создадат законски предуслови за нивно функционирање.

    Од ЗЕЛС посочија дека можно решение е измена на Изборниот законик во кој место прва половина на мај може да се уврди нов датум за локални избори.
    Градоначалниците апелираа нивното денешно обраќање да не се протолкува како форма на притисок во пресрет на утрешната седница на Уставен суд на која ќе се разгледува иницијативата на Министерството за локална сампуправа за разгледување на одредени членови од Изборниот законик и од Законот за локална самоуправа кои се однесуваат на на мандатите на градоначалниците и на советниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира