Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Коми, соопшти Белата куќа.
„Денеска, претседателот Доналд Трамп го информираше директорот на ФБИ Џејмс Коми дека е разрешен отстранет од функцијата“, се вели во синоќешното соопштение.
Белата куќа кажа дека Коми е разрешен по препорака на министерот за правда Џеф Сешнс. Коми предводеше истрага за наводните врски меѓу изборната кампања на Трамп и Русија. Белата куќа додаде дека потрагата по негова замена почнува веднаш.
Во писмото до Коми, претседателот Трамп му пиша „ти не си способен ефективно да го предводиш ФБИ“.
Изненадувачкиот потег на Трамп се случи на денот кога се дозна дека Коми дал неточна информација околу мејловите на Хилари Клинтон на сослушувањето во Конгресот минатата недела.
Клинтон го обвинува Коми за нејзиниот пораз од Трамп на претседателските избори минатиот ноември. Коми имаше две соопштенија во врска со истрагата за мејловите на Клинтон за време на кампањата.