ФЕДЕРЕР ЌЕ ГО ПРЕСКОКНЕ РОЛАН ГАРОС, ЌЕ СЕ ВРАТИ НА ТРЕВА

    ФЕДЕРЕР ЌЕ ГО ПРЕСКОКНЕ РОЛАН ГАРОС, ЌЕ СЕ ВРАТИ НА ТРЕВАШвајцарскиот тенисер го пропушти Ролан Гарос и минатата година, но поради повреда на коленото. Тој планира да се врати на турнирот во Штутугарт во јуни. (Фото: АТП)

    18-кратниот гренд слем победник Роџер Федерер ќе го прескокне Ролан Гарос и остатокот од турнирите на земја годинава. 35-годишникот, петти тенисер во светот во моментов, вели дека ја донел одлуката како дел од неговата стратегија што треба да му овозможи да игра тенис уште многу години. Швајцарецот додаде дека сега ќе се подготвува за турнирите на трева и на тврда подлога.

    „За жал, решив да не учествувам на Отвореното првенство на Франција. Работев навистина напорно на и надвор од теренот изминатиов месец, но со цел да се обидам да играм на АТП турнејата уште многу години, мислам дека е најдобро да ја прескокнам сезоната на земја годинаца и да се подготвам за сезоната на трева и тврда подлога“, соопшти Федерер.
    Ролан Гарос почнува на 28 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира