ЦРВЕНКОВСКИ: ИВАНОВ ИТНО ДА ГО ИЗБРИШЕ МОЕТО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОД СРАМНАТА ОДЛУКА

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ЦРВЕНКОВСКИ: ИВАНОВ ИТНО ДА ГО ИЗБРИШЕ МОЕТО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОД СРАМНАТА ОДЛУКА

    Поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, му испрати писмо на претседателот Ѓорге Иванов. Во писмото, Црвенковски бара Иванов итно да ја повлече одлуката за аболирање на која се наоѓа и името на поранешниот претседател. Во писмото Црвенковски вели дека ако работите зависеле од него, со тие како претседателот Иванов ниту нешто ќе се преговарало ниту, пак, од нив нешто ќе се очекувало.

    „Во вчерашниот број на „Службен весник“ на Република Македонија беше објавена содржината на Вашата антидемократска, антиправна и антидржавна одлука. Одлуката по својата содржина и по својата намера е срамна и спротивна на здравиот разум. Иако од Ваша страна не може ништо да ме изненади, сепак бев вчудоневиден кога таму го видов моето име и презиме. Господине Иванов, ниту има каква било основа за такво нешто (против мене не се води каква било постапка), но, што е уште поважно, ниту од Вас ниту, пак, од кој било друг, барам или прифаќам какво било помилување. Оттука, Ве повикувам итно да ја измените одлуката и да го избришете моето име и презиме од неа. Со Вас и со тие зад Вас, да зависеа работите од мене, ниту нешто ќе се преговараше ниту, пак, нешто од Вас ќе се очекуваше. Одамна ќе се видевме на различни страни од барикадите на клучната средба на нашиот народ со својата судбина. Се надевам дека и сите други чии имиња се спменати во Вашата скандалозна одлука со индигнација ќе ја одбијат оваа Ваша милост и ќе покажат трошка достоинство“, пишува во писмото на Црвенковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира