Специјалното јавно обвинителство утре, во 13.30 часот, ќе одржи прес-конференција, соопштија денеска од СЈО. Во твитер пораката на Обвинителството пишува: Ние работиме!
Во дописот од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева не е наведено која ќе биде темата на прес-конфренецијата.
Прес-конференцијата на СЈО доаѓа по вчерашната одлука на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција на сите политичари и нивни соработници против кои се води кривична постапка.
Најголем дел од аболираните се лица против кои СЈО води предистражни постапки, а за дел се отворени и истражни постапки. Меѓу аболираните се и имињата на тројцата обвинители на СЈО, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубевски.