СОБРАНИЕТО ДА ГО УКИНЕ РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОБВИНЕНИЈА И ОТВОРАЊЕ ИСТРАГИ НА СЈО, АПЕЛИРА ЈАНЕВА

    СОБРАНИЕТО ДА ГО УКИНЕ РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОБВИНЕНИЈА И ОТВОРАЊЕ ИСТРАГИ НА СЈО, АПЕЛИРА ЈАНЕВАСпецијалната обвинителка Катица Јанева кажа дека досега се преслушани 45% од прислушуваните разговори. (Фото: СДК.МК)

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева побара од Собранието да го продолжи рокот од 18 месеци кој го има СЈО да поднесува обвиненија и да отвора истраги поврзани со прислушуваните разговори.

    „Во врска со рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија и објавување истраги, бараме од новото парламентарно мнозинство да го избрише членот 22 од законот за обвинителството со што ќе му овозможи на СЈО докрај да ги истражи кривичните дела што произлегуваат од прислушуваните разговори“, кажа Јанева на денешната прес-конференција

    Таа кажа дека сега не ги преслушуваат преостанатите 55% од прислушуваните разговори, затоа што во процес на обработка се преслушаните 45-те проценти и фокусот е ставен на отворените предмети и најави дека во наредниот период ќе се интензивира поднесувањето обвинеија како резултат на отворените предистражни постапки.

    Рокот најрано истекува за прислушуваните разговори преземени од Обвинителството на Марко Зврлевски и тоа веќе на 30 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира