Мандатарот Зоран Заев ќе присуствува на неформална вечерa на премиерите на шесте држави од Западен Балкан што утре вечер ќе се одржи во Брисел, а ја организира Федерика Могерини, Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, јави државната агенција МИА.
Од кабинетот на Могерини велат дека поканата до Заев е испратена во својство на „мандатар“ (prime minister designate), односно иако лидерот на СДСМ уште не е избран за премиер, во Брисел ќе биде претставен како премиер.
На утрешната неформална вечера што ќе се одржи во Брисел, покрај Заев, ќе присуствуваат премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама на Албанија, Иса Мустафа на Косово и Дениз Звиздиќ на Босна и Херцеговина.