БЕСА НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ВЛАДАТА НА ЗАЕВ

    БЕСА НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ВЛАДАТА НА ЗАЕВОд СДСМ соопштија дека со Беса не се договориле за одреден дел од прашањата. - Лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев (Фото: Ѓ. Личовски)

    Движењето Беса нема да биде дел од владата на мандатарот Зоран Заев, откако не успеале да се договорат со СДСМ за одреден дел од прашањата. Од СДСМ соопштија дека и покрај тоа што Беса нема да учествува во владата, „оставаат отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани на нашата земја“.

    „Известуваме, во врска со преговорите со партијата БЕСА, дека покрај тоа што се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме договор“, велат од СДСМ..

    Од Беса, за да влезат во новата влада, бараа од СДСМ во владата да нема осомничени лица и да се вклучи декларацијата што ја потпишаа албанските партии во Македонија во владината програма. За СДСМ неприфатливо е нивното барање отворање на прашањето за редефинирање на државата.

    СДСМ  во 19 часот вечерва има закажано Централен одбор, на кој ќе ги дефинира имињата  на министрите во новата влада. Во Собранието има дежурен секретар да го прими предлогот за влада, ако вечерва бидат договорени сите ресори со ДУИ и Алијансата за Албанците, со кои имаат мнозинство од 62 пратеници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира