САД ПРВИ ЈА ПОЗДРАВИЈА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ

    САД ПРВИ ЈА ПОЗДРАВИЈА ВЛАДАТА НА ЗАЕВНовиот премиер Зоран Заев по полноќ пред Собранието ги поздрави насобраните граѓани и најактивните борци од Шарената револуција (Фото: Ѓ. Личовски)

    Соединетите Американски Држави први го честитаа изборот на Владата на Зоран Заев со порака упатена преку Амбасадата во Скопје.

    Амбасадорот Џес Бејли на твитер порака му честиташе на Заев и на парламентарното мнозинство за формирањето на новата Влада.

    „Како пријател и партнер на Македонија одвај чекаме со новата влада да работиме на реформите за напредок кон членството во НАТО и ЕУ, како и на владеењето на правото“, се вели во твитер пораката на амбасадорот Бејли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира