ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ НА 15 ОКТОМВРИ

    ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ НА 15 ОКТОМВРИПратениците од мнозинството денеска го продолжија мандатот на градоначалниците и советниците до одржување на изборите. (Фото. СДК.МК)

    Собранието ги усвои измените на Изборниот законик со кои што локалните избори за градоначалници и за советници ќе се одржат на 15 октомври. Со измените, продолжен е и мандатот на градоначалниците и на советниците до одржувањето на наредните локални избори.

    На денешната расправа и гласање во Собранието не присуствуваа пратениците на опозиционата коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, поради, како што рече пратеникот Влатко Ѓорчев, обидот за убиство на поранешниот пратеник и министер за здравство Никола Тодоров.

    Мандатот на градоначалниците и на советите на општините истече според експертите на 27 март, а според Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) по 15 мај.
    Градоначалниците на општините од Источна Македонија во април преку петиција бараа Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) да поведе изменување на Изборниот законик за да се поместат локалните избори.

    Според градоначалниците, со измените ќе може да се овозможи нормално и законско функционирање на општините. Во спротивно, по 15 мај, сите нивните активности престануваат.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира