Британскиот министер за Европа Алан Данкан ѝ честита на Македонија за формирањето на новата влада и вели дека ова е можност за целата земја да се обедини за интересите на сите граѓани на Македонија и поширокиот регион, соопшти британското МНР.
„По долготрајната политичка криза во Македонија, премиерот Зоран Заев формираше влада. Ова е можност за целата земја да се обедини за интересите на сите граѓани на Македонија и поширокиот регион. Ќе соработуваме со новата влада во нејзиното работење да спроведе битни реформи, особено зајакнување на владеењето на правото и отчетноста и напредок во целта за побрза интеграција во евро-атлантските институции“, вели Данкан во соопштението.