Попладнево во Охрид се урна зимзелено дрво врз масите на ресторанот „Летница“ и за среќа, иако имаше бројни гости на масите, повредени немаше. Комуналците велат дека дрвото било старо и заради тоа паднало.
„Летница”,препознатливот знак на Охрид, пред околу две децении ја викаа уште и „охридски парламент” каде дебатираа тогашните актулени градски ликови Радослав Огњановски, Милчо Балевски, Перо Снегар, Живко Паришко…
Во Охрид се цени дека има нешто повеќе од илјада гости од странство кои се сместени во хотели, вили, апартмани. Тоа се главно туристи од земјите на Бенелукс, но ги има и од соседството. Денес, кафулињата во централното градско подрачје беа полни со гости, главно од земјава.