Вардар го победи Пари Сен Жермен со 24:23 во финалето на ракометната Лигата на шампиони и првпат во својата историја стана европски шампион.
Како и во полуфиналето против Барселона, дуелот против францускиот тим во Келн беше израмнет од почеток од крај. Вардар одигра одлично второ полувреме, откако на паузата беше 12:11 за противникот. Стрелец на победоносниот гол во последната секунда од средбата беше Иван Чупиќ.
Крилото Тимур Дибиров беше најдобар стрелец за Вардар со 7 гола.