Неколку илјади граѓани ноќеска славеа на Плоштадот Македонија во Скопје откако ракометниот клуб Вардар стана европски шампион. Се славеше и по улиците низ главниот град каде што навивачите на Вардар свиреа и пееја во колони возила со развиорени знамиња на клубот.
Вардар го победи Пари Сен Жермен со 24:23 во финалето на фајнл форот во Келн со голот на Иван Чупиќ во последната секунда.
Во саботата, речиси на идентичен начин, Вардар во полуфиналето ја совлада Барселона со 26:25 со голот на Лука Циндриќ во последните моменти од средбата.