НАПАЃАЧИТЕ НА ЗАЕВ И СЕЛА СО НОВИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ОТКАКО СУДОТ ЕДНАШ ГИ ПУШТИ САМО СО УСЛОВНИ КАЗНИ

    НАПАЃАЧИТЕ НА ЗАЕВ И СЕЛА СО НОВИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ОТКАКО СУДОТ ЕДНАШ ГИ ПУШТИ САМО СО УСЛОВНИ КАЗНИНа 23 мај судот ги пушти на слобода деветмината насилници откако обвинителот Александар Марковски претходно ги беше обвинил само за учество во толпа, а судијката Милка Ангеловска-Васевска ги осуди само со условни казни. „Тврдокорните“ ги пречекаа како херои (Фото: СДК.МК)

    Против напаѓачите на лидерите на СДСМ и на Алијансата за Албанците Зоран Заев и Зијадин Села, како и против другите пратеници во Собранието на 27 април полицијата поднела нови кривични пријави против деветмина насилници, соопшти МВР.

    „Пријавените на 27.04. заедно со претходно други пријавени лица како и со поголема група засега неидентификувани лица откако го пробиле кордонот од униформираните полициски службеници што бил поставен пред Собранието, влегле внатре  извршиле оштетување на ходникот, а потоа физички нападнале тројца полициски службеници на внатрешното обезбедување, по што влегле во салата бр. 3 каде се одржувала прес конференцијата и физички ги нападнале присутните пратениците З.З., З.С., Р.Ш.Ј., О.С., С.М., како и други пратеници од политичките партии на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците“, стои во соопштението на МВР.

    На првото судење насилниците беа осудени со условни казни затоа што обвинителството ги гонеше само за најлесното кривично дело „учество во толпа“.

    Според новите кривични пријави  З.Т. (51), Г.Ц. (49), В.П. (21) тројцата од Скопје и Д.М. (29) и В.М. (46) двајцата од Кочани МВР ги пријавува заради сомнение за сторено кривично дело – “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.

    Н.П. (38) и П.М. (22) од Скопје и С.П. (21) од Кичево добиваат кривична пријава од МВР заради сомнение за сторено кривично дело – “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. ;

    Против А.М. (22) од Скопје којшто се сомничи за сторени три кривични дела – “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира