ЗВРЛЕВСКИ ПЕРФЕКТНО СИ ЈА ИЗВРШУВА ФУНКЦИЈАТА, ИЗЈАВИ АНЕВСКИ ОД СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ

    ЗВРЛЕВСКИ ПЕРФЕКТНО СИ ЈА ИЗВРШУВА ФУНКЦИЈАТА, ИЗЈАВИ АНЕВСКИ ОД СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИСоветот на јавни обвинители треба да даде мислење за разрешувањето на републичкиот Јавен обвинител Марко Зврлевски. - Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Советот на јавните обвинители Петар Аневски не кажува како ќе се изјасни за разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски за кого вчера владата ја почна процедурата за негова смена.

    Но, на новинарско инсистирање каков е неговиот личен став, Аневски рече: „Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски е перфектен во извршувањето на неговата функција. Немам забелешки на неговото работење”.

    Тој кажа дека се уште до Советот не стигнало барањето од Владата Советот да даде мислење за разрешување на Зврлевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира