ИСЛАМСКА ДРЖАВА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА НАПАДОТ НА ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    ИСЛАМСКА ДРЖАВА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА НАПАДОТ НА ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТЕден од напаѓачите на прозорец во иранското Собрание. (Фото: АП)

    Вооружени напаѓачи и бомбаши самоубијци ги нападнаа иранското собрание и храмот на револуционерниот лидер Хомеини во Техеран, убивајќи најмалку две лица и повредувајќи десетици за време на долгата опсада на законодавниот дом, која резултираше со четворица мртви напаѓачи. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, што е прв пат суни екстремисти да организираат напади во Иран, држава со шиитско мнозинство. ИД води војна против иранските сили во Сирија и Ирак и шиитите ги сметаат како oтпадници.

    Нападот почна наутро кога лица вооружени со калашникови упаднаа во собраниската зграда. Еден од нив, подоцна внатре се разнесе за време на седница, според Иранската државна телевизија.

    Заменик министерот за внатрешни работи Мохамед Хосеин Золфгари изјави за истата телевизија дека се работело за мажи напаѓачи во женска облека. Иранскиот собраниски портпарол го нарече нападот кукавичко дело.

    „Иран е активен и ефективен столб во борбата против терористите и тие се обидуваат да му наштетат“, вели тој.
    Исламската држава често пати презема одговорност за напади низ светот, дури и тогаш кога поврзаноста со групата не може да се утврди или делува сомнителна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира