Една од темите на успешна британско македонска соработка се различностите и инклузијата. Ова вечерва го кажа британскиот амбасадор Чарлс Гарет во своето обраќање на свечениот прием по повод 91. роденден на Кралицата на Обединетото кралство. Тој рече дека нема да зборува за политика, бидејќи прослава годинава случајно се совпаѓа со парламентарните избори во Британија и во тек е предизборен молк.
Гарет зборуваше за Лорд Крис Холмс, кој на 14 години го изгубил видот, но тоа не го попречило да ги оствари своите амбиции, а пред четири стана член на Горниот дом на парламентот. Лорд Холмс минатата недела дојде во Скопје и со други двајца македонски спортисти зборуваа како ја надминале попреченоста. Културната и спортската соработка меѓу двете земји, според Гарет се многу силни, а се зголемува и бројот стипендисти од Македонија преку Чивнинг програмата, и програмите за воена обука и образование во Британија.
„Денес имаме над 200 Чивнинг стипендисти кои завршиле постдипломски студии во Британија и се вратиле во Македонија да придонесат. Присутни се овде, во секој дел од општеството, од политиката до бизнисот, граѓанскиот сектор, истражувањето, и уметностите“, рече Гарет.