ПУТИН ГИ КРИЕ ВНУЦИТЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА ИМААТ НОРМАЛНО ДЕТСТВО

    ПУТИН ГИ КРИЕ ВНУЦИТЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА ИМААТ НОРМАЛНО ДЕТСТВОВладимир Путин денеска го имаше годишното телевизиско шоу на РТ во кое одговара на прашања на гледачи. (Фото: АП)

    Рускиот претседател Владимир Путин, кој беше таинствен за неговата фамилија во минатото, изјави дека има два внука на кои сака да им ја почитува приватноста. Путин, кој во 2013 година кажа дека се разведува од жена му, има две ќерки во 30-тите години кои не биле во јавност со години и станаа тема на гласини.

    Гостувајќи на телевизиско шоу денеска, Путин изјави дека неговите две ќерки живеат во Москва и се занимаваат со наука и образование. Исто така, Путин рече дека еден од неговите внуци оди во градинка, а другото само што се родило. Не сакаше да даде повеќе информации за неговата фамилија плашејки се дека може да им ја наруши нивната приватност.

    „Работата е дека не сакам да растат како принцови. Сакам да пораснат да бидат нормални луѓе. Ако им ги споменам возраста и имињата, тие ќе бидат идентификувани и никогаш нема да бидат оставени на мира“, кажа рускиот претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира