Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов останува на одлуката за аболиција на политичарите и нивните соработници кои се осомничени за кривични дела поврзани со прислушуваните разговори.
Во обраќањето до нацијата тој ги повика тие што се чувствуваат навредени да му напишат писмо во кое ќе побараат да се поништи одлуката за нив.
Рече дека очекува изборите на 5 јуни да бидат вовед во ново поглавје во историјата на Македонија.
„Ги повикувам претставниците на меѓународната заедница да внимаваат на своите постапки зошто можат да бидат погрешно разбрани“, рече Иванов.