ЗВРЛЕВСКИ ГО НАРУШИ УГЛЕДОТ НА ФУНКЦИЈАТА, СООПШТИ ВЛАДАТА И МУ ПРЕДЛОЖИ НА СОБРАНИЕТО ДА ГО РАЗРЕШИ

    ЗВРЛЕВСКИ ГО НАРУШИ УГЛЕДОТ НА ФУНКЦИЈАТА, СООПШТИ ВЛАДАТА И МУ ПРЕДЛОЖИ НА СОБРАНИЕТО ДА ГО РАЗРЕШИОдлуката за разрешување на републичкиот обвинител Зврлевски е донесена поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата, велат од Владата. - Јавниот обвинител Марко Зврлевски (архивска фотографија)

    На денешната седница, Владата донесе одлука да му предложи на Собранието да го разреши Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија со образложение дека го нарушил нарушил угледот на функцијата со тоа што не поднесувал барања за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон.

    „Одлуката за разрешување на републичкиот обвинител Зврлевски е донесена поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Констатирано е дека обвинителот Зврлевски не е способен за извршување на функцијата, не поднесувал барања за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и со тоа го нарушил нарушил угледот на функцијата“, соопшти Владата.

    На денешната седница, Владата постави нови директори и на УЈП и на Агенција за храна и ветеринарство. За директорка на УЈП е именувана Сања Лукаревска, а за директор на Агенцијата за храна и ветеринарство е именуван Зоран Атанасов. За в.д. директор на Државниот просветен инспекторат беше именуван Томе Спировски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира