ИНТЕРНЕТ ФИЛТЕР ГО ЗАМЕНУВА ТРАМП СО МАЧИЊА

    ИНТЕРНЕТ ФИЛТЕР ГО ЗАМЕНУВА ТРАМП СО МАЧИЊАВеста на американскиот магазин „Тајм“ за Доналд Трамп со и без филтерот „Да ја направиме Америка со мачиња повторно“. (Фото: принтскрин/Тајм)

    Најдоброто место да се бара прибежиште од огромниот наплив на вести за американскиот претседател Доналд Трамп не е пуст остров или пештера, туку самиот интернет.

    Од инаугурацијата во јануари, десетици илјадници корисници инсталирале интернет филтри кои што ги бришат или ги заменуваат спомнувања на лидерот на САД во попријатни работи… како мачиња. Користен од над 70,000 луѓе, додатокот за прелистувачот Гугл кроум „Направи ја Америка со мачиња повторно“ автоматски ги заменува сликите со Трамп со слики со мачиња.

    На пример, со инсталираниот филтер, насловот на сајтот на британскиот весник „Гардијан“ е „Посетата на Трамп во Британија ставена во мирување“, а на сликата под насловот има бела мачка која седи на кауч. Текстот под насловот, сепак, останува непроменет.

    Познат по сликите со мачиња беше белгискиот експерт Питер Ванхауте, кој пред две години беше пратен од ЕУ во Македонија како олеснувач на партиските преговори за Пржинскиот договор. Тој упатуваше пораки до политичарите преку социјалните мрежи, користејќи мемиња со мачиња.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира