НЕПРАВДА Е ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ Е ЧЛЕНКА НА НАТО, КАЖА ЧАВУШОГЛУ ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВ

    НЕПРАВДА Е ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ Е ЧЛЕНКА НА НАТО, КАЖА ЧАВУШОГЛУ ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВТурскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на средбата со македонскиот колега Никола Димитров. (Фото: МНР)

    Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кажа дека Македонија заслужува да биде членка на НАТО и дека прашањето за името е голема неправда за земјата по вчерашната средба со македонскиот колега Никола Димитров во Скопје.
    „Турција ја поддржуваше Македонија на секое поле, а истото ќе го правиме и во наредниот период. Македонија највеќе го заслужува членството во НАТО, а прашањето за името е голема неправда за оваа земја. Ние ќе инсистираме ЕУ да не се меша во внатрешната политика“, рече Чавушоглу.

    Димитров кажа дека со турскиот колега зборувале и за развивање на економските односи и трговијата.
    „Турција е шестти по ред инвеститор во Македонија. Со министерот имавме и конкретни идеи, бидејќи има интерес од големи турски компании да инвестираат во нашата држава. Турција носи голем дел од товарот во глобални рамки кога во прашање е тероризмот бидејќи се соочува со безбедносни предизвици“, вели Димитров.

    Чавушоглу, кој вчера го користеше мерцедесот од 600.000 евра, се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира