РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ ОТКАКО КОАЛИЦИЈАТА НА САД СОБОРИ СИРИСКИ АВИОН

    РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ ОТКАКО КОАЛИЦИЈАТА НА САД СОБОРИ СИРИСКИ АВИОНАвион Ф/А-18Е како на фотографијата го соборил сирискиот авион. (Фото: Морнарица на САД)

    Американски воен авион собори сириски воен авион во провинцијата Рака, потврди САД. Ова е прв пат во војната во Сирија, коалицијата предводена од САД да урне сириски авион и инцидентот се заканува да го вовлече Вашингтон подлабоко во војната.

    Русија ја предупреди коалицијата предводена од САД дека ќе ги гледа нејзините авиони како непријателски цели по соборувањето на сирискиот авион. Русија, главниот сојузник на сириската влада на Башар ал-Асад, исто така, соопшти дека ја прекинува комуникацијата со САД, која што имаше за цел да спречи воздушни инциденти.

    Инцидентот со сирискиот авион Су-22 се случил попладне во неделата близу градот Табка каде што Сириските демократски сили, кои што се поддржани од САД, се бореле со милитанти од Исламската Држава како дел од кампањата за освојување на градот Рака. Бомбардерот Су-22 бил соборен од Ф/А-18Е откако фрлил бомби близу Табка, потврди Пентагон.

    Исто така, се верува дека ова е првото урнување на авион од авион на коалицијата предводена од САД уште од кампањата во Косово во 1999 година.
    Речиси истовремено, Револуционерната гарда на Иран соопшти дека лансирале неколку ракети од Иран до Источна Сирија во недела, а цел им биле припадници на Исламска држава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира