ЗАЕДНО ЌЕ ГО СЛАВИМЕ ИЛИНДЕН ВО МАКЕДОНИЈА, КАЖА ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО БОРИСОВ

    ЗАЕДНО ЌЕ ГО СЛАВИМЕ ИЛИНДЕН ВО МАКЕДОНИЈА, КАЖА ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО БОРИСОВДвајцата премиери на Илинден ќе потпишат и договор за добрососедство. - Заев и Борисов на прес-конференцијата по средбата во Софија (Фото: БГНЕС)

    Премиерот Зоран Заев се договори со бугарскиот колега Бојко Борисов заедно да го прослават Илинден на 2 август во Македонија на нивната денешна средба во Софија. На прес-конференцијата по средбата, Заев кажа и дека е договорено во Софија да се именува улица по поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, а во Скопје по поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.

    „Разговаравме, ги приближивме ставовите кон потпишување на договор за добрососедство, ни остана уште многу малку. Заедно ќе го прославиме Илинден во Македонија на 2 август. Се согласивме тогаш да го потпишеме договорот за соработка меѓу нашите две земји. Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе се поклони пред споменикот на нашата историја. Ние денеска ќе се поклониме пред споменикот на цар Самуил во Софија. Се договоривме со градоначалниците на Софија и Скопје да именуваме по една улица по нашите починати претседатели – во Скопје на претседателот Жељу Желев, а во Софија на Борис Трајковски“, рече Заев.

    Заев од Борисов побарал Бугарија ѝ помогне  на Македонија со нејзиното искуство од користењето на еврофондовите.
    „Искуството кое што го има Бугарија ќе биде многу важно за нашите перспективи и за солидарноста во европското семејство. Имаме желба да ги почнеме преговорите со ЕУ, исто така, сакаме да станеме и членка на НАТО“, додаде Заев.
    

    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира