ОГРОМНА КОЛЕКЦИЈА НА НАЦИСТИЧКИ АРТЕФАКТИ ОТКРИЕНА ВО ТАЈНА СОБА ВО АРГЕНТИНА

    ОГРОМНА КОЛЕКЦИЈА НА НАЦИСТИЧКИ АРТЕФАКТИ ОТКРИЕНА ВО ТАЈНА СОБА ВО АРГЕНТИНАМеѓу пронајдените артефакти, за кои што се верува дека се оригинали, има и биста на Адолф Хитлер. (Фото: ЕПА)

    Во тајна соба во куќа близу главниот град на Аргентина, полицијата нашла најголема колекција на нацистички артефакти во историјата на земјата, вклучувајќи биста на Адолф Хитлер, лупи во елегантни кутии и друго.

    Околу 75 предмети беа најдени во дом на колекционер, северно од градот Буенос Аирес и властите се сомневаат дека предметите се оригинали и дека им припаѓале на моќни нацисти за време на Втората светска војна.

    „Нашите првични истражување покажуваат дека овие предмети се оригинали“ изјави аргентинската министерка Патрисија Булрих, додавајќи дека повеќето предмети биле покрај со стари фотографии.
    Полицијата пробува да открие како артефактите влегле во Аргентина и се нашле во тајна соба зад бибилиотека во куќата, кажа министерката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира