Народниот правобранител Иџет Мемети по повод Светскиот ден на бегалците 20 Jуни, изразува сериозна загрижност што Република Македонија, како што вели, овој ден го одбележува со политика на затворени граници кон бегалците, кон луѓето кои биле принудени да го напуштат својот дом поради конфликти или прогонувања.
„Во оваа смисла, Народниот правобранител ги повикува надлежните институции на целосно почитување на правата на овие лица согласно меѓународните документи и особено Конвенцијата за статусот на Бегалците од 1951 како и Протоколот од 1967“, апелираше денеска тој.
Истовремено, Мемети бара поголема солидарност со бегалците, во обид да се зачува нивното човеково достоинство и да се почувствуваат повторно безбедни, сигурни и прифатени во новата средина.