ИВАН ПОПОВСКИ СЕ ВРАЌА ДОМА ДА ГО СПАСИ ОХРИД

    ИВАН ПОПОВСКИ СЕ ВРАЌА ДОМА ДА ГО СПАСИ ОХРИДСкапите претстави биле канети од МОТ, но чинеле и по половина од буџетот на фестивалот, сега на фестивалот „Иван се враќа дома“ ќе дојдат помогнати од пријателите на матичниот театар  на Иван Поповски „Мастеркласаја на П.Фоменко“ со 70-члена техника и 4 камиони (Фото: СДК.МК)

    Режисерот Иван Поповски, кој веќе 25 години живее и работи во Москва и стана еден од најомилените и најнаградувани театарски режисери во Русија, во септември во Скопје доаѓа со фестивал, „Иван се враќа дома“. Ќе бидат изведени три негови исклучително скапи и технички комплицирани претстави, па поради нивната грандиозност и наградите што ги имаат освоено, поради векот на траење и интересот кај публиката во светски рамки, Поповски со матичниот театар „Мастеркласаја на П.Фоменко“, ова гостување го нарекуваат фестивал. Радосни и благодарни се што за мецена имаат пријател во голема руска банка, зашто велат ова е прво вакво големо гостување, со неколку претстави во истовреме надвор од Русија, и покрај тоа што многу патуваат, и се препознаени во целиот свет.

    „Охрид треба да се смета како свето место за планетата, не во религиозна смисла. Таму треба да е тишина, да владее мирот, тоа може да е и во преносна смисла. Треба на раат да се остават природата и животните, не зборувам само за Блатото, Лагадин, Галичица, туку и за градот, кој веќе нема мир. Треба да се стопира сѐ што се гради и што се планира. Се надевам дека ќе се најдат разумни луѓе кои ќе ги отрезнат оние кои се зашеметени од краткоречен финансиски интерес. Кога зборуваме за Охрид, зборуваме за вечноста“, вели Поповски (Фото: СДК.МК)

    „Тремата е голема, и поради моите пријатели и роднини овде, но и поради моите другари со кои студирав и пријателите со кои пораснав од Москва, а кои ќе дојдат во мојата татковина“, вели Иван.

    Последна поставка на Иван по долг период отсуство во Македонија е „Мајсторот и Маргарита“ во МНТ, а тој со секое негово доаѓање во земјава не заборава да го спомне Лагадин каде што одмара, и Охрид, апелирајќи за нивна заштита.

    Иван Поповски стана омилен во Русија уште со својата студентска претстава „Авантура“, што македонската јавност ја виде во МСУ во 1997, а која влезе во електронската енциклопедија „Најважните театарски настани во Русија во последните 50 години; – сцена од „Сон на летната ноќ“, најдобрата претстава во Русија во 2015

    „Охрид треба да се смета како свето место за планетата, не во религиозна смисла. Таму треба да е тишина, да владее мирот, тоа може да е и во преносна смисла. Треба на раат да се остават природата и животните, не зборувам  само за Блатото, Лагадин, Галичица, туку и за градот, кој веќе нема мир. Треба да се стопира сѐ што се гради и што се планира. Треба да биде тишина. Ние сме среќни што го имаме тоа место, а не некој друг. Некои други биеле војни за него, а ние го имаме и можеме сами да го уништиме од глупост. Се надевам дека ќе се најдат разумни луѓе кои ќе ги отрезнат оние кои се зашеметени од краткоречен финансиски интерес. Кога зборуваме за Охрид, зборуваме за вечноста“, вели Поповски.

    Сцена од „Отровната туника“

    Големиот Иван Поповски награден со одличја од рускиот претседател, од критиката, од повеќеилјадната руска публика, со  највисоките признанија, Златна маска, Ѕвезда на Русија, во пресрет на гостувањата во септември дојде со тим од театарот за тонски превод на претставите покрај класичниот титл.

    Сцена од „Алиса зад огледалото“

    Во Скопје ги покаже „Алиса зад огледалото“,  која ја воодушеви публиката и критиката и стана една од омилените во Москва, која ќе се игра на 16 и на 17 септември, а вели претставата е за возрасни и за деца над 7 години. Потоа, „Отровната туника“, што се игра 15 години, ќе биде изведена на 19 и на 20 септември, и „Сон на летната ноќ“- најдобрата претстава во Русија во 2015, ќе се игра на 22 и 23 септември.

    Билетите се пуштени во продажба на купикартизасе.мк, а претставите ќе се играат во МНТ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира