КРАЈНО ВРЕМЕ Е ВЛАСТА ДА ЈА СПРЕЧИ ТОРТУРАТА И НЕХУМАНИОТ ТРЕТМАН, АПЕЛИРА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    КРАЈНО ВРЕМЕ Е ВЛАСТА ДА ЈА СПРЕЧИ ТОРТУРАТА И НЕХУМАНИОТ ТРЕТМАН, АПЕЛИРА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ„Народниот правобранител како Национален превентивен механанизам врши континуиран мониторниг во местата на лишување и ограничување на слободата на движење и постојано алармира за нехуманите услови и понижувачкиот третман на којшто се изложени лицата во овие места“, вели Омбудсманот Иџет Мемети по повод 26 Јуни - Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура (Фото: СДК.МК)

    Народниот правобранител апелира дека е крајно време властите да преземет конкретни мерки и активности за сузбивање на тортурата и нехуманиот третман, а на жртвите кои биле предмет на мачење или друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување да им обезбедат соодветна правна, медицинска, психолошка и социјална поддршка.

    „Народниот правобранител како Национален превентивен механанизам врши континуиран мониторниг во местата на лишување и ограничување на слободата на движење и постојано алармира за нехуманите услови и понижувачкиот третман на којшто се изложени лицата во овие места“, соопшти Омбудсманот Иџет Мемети по повод 26 Јуни – Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура и потсети дека поддршката на жртвите од тортура претставува една од основните обврски на секое општество кое ги почитува демократските принципи и меѓународни стандарди за човековите права.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира