НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ОЧЕКУВА ПОЗНАЧАЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИДСКО, ЕНЕРГИЈАТА Е ИСТРОШЕНА, СМИРУВА ДИРЕКТОРОТ НА ИЗИИС ГАРЕВСКИ

    НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ОЧЕКУВА ПОЗНАЧАЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИДСКО, ЕНЕРГИЈАТА Е ИСТРОШЕНА, СМИРУВА ДИРЕКТОРОТ НА ИЗИИС ГАРЕВСКИОхридскиот Регион, делот околу Косел е активно сеизмичко подрачје. Лани таму имаше земјотреси и со поголеми магнитуди што укажува дека енергијата за некој поголем земјотрес е истрошена. Сега имаме некоја редистрибуција на напрегање со серија мали шокови кои не можат да предизвикаат некоја поголема штета“ - Михаил Гаревски, директор на ИЗИИС

     

    Не би требало да се очекува некој значаен земјотрес во охридското епицентрално подрачје по серијата земјотреси последниве неколку дена, вели Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Овој регион е активен последниве неколку години, вели Гаревски.

    „Не сакам да бидам погрешно разбран, можни се земјотреси, но не би требало да случат некои позначајни, со поголема магнитуда. Охридскиот Регион, делот околу Косел е активно сеизмичко подрачје. Лани таму имаше земјотреси и со поголеми магнитуди што укажува дека енергијата за некој поголем земјотрес е истрошена. Сега имаме некоја редистрибуција на напрегање со серија мали шокови кои не можат да предизвикаат некоја поголема штета“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот Гаревски.

    Состојбата со охридските земјотреси ја следи од Копенхаген каде престојува службено, па вели дека она што може од таму да го констатира е во прилог на смирување на состојбата.

    Во последниве 24 часа, во охридско сеизмолошките опсерватории регистрираа три земјотреси од кои најсилен беше оној околу 13 часот со јачина од 3.7 степени според Рихтер. Синоќашните земјотреси беа со јачина од 2,7 и 3,3 степени според Рихтер.

    Охридскиот екологист и координатор на Дримскиот проект Дејан Паноски, по серијата земјотреси побара да се испита вулканот во Косел во непосредна близина на Охрид.

    „Мислам дека итно треба да се направат сондирања, испитувања за евентуална поместеност на подземни води и текови, испитувања во околните бунари и секако испитувања на гасот и евентуални течности во сулфетарата Косел“, смета Паноски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира