ГРАЃАНИТЕ ДОЛГО ЧЕКАА ПОДОБРА ИДНИНА И ТОА НАСКОРО ЌЕ СЕ СЛУЧИ, ВЕЛИ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР

    ГРАЃАНИТЕ ДОЛГО ЧЕКАА ПОДОБРА ИДНИНА И ТОА НАСКОРО ЌЕ СЕ СЛУЧИ, ВЕЛИ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАРЕУ амбасадорот Самуел Жбогар на денешната седница на собранската Комисија за европски прашања. (Фото: СДК.МК)

    Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека „граѓаните на оваа држава долго чекаа и заслужуваат подобра иднина и тоа ќе се случи наскоро” на седницата на Комисијата за европски прашања на која се разгледува Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2016 година.

    Овој извештај беше објавен уште во ноември, но поради политичката криза и неработењето на Собранието половина година и повеќе, во матичната комисија се разгледува дури денеска.

    „Овој нов почеток, оваа нова енергија, создадоа надеж кај граѓаните, во регионот, но и кај нас во Брисел”, рече Жбогар.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира