Поп суперѕвездата Адел кажа дека нејзината актуелна турнеја за наградуваниот албум „25“ ќе ѝ биде последна.
29-годишната британска пејачка додаде потпишана и рачно напишана порака во програмата за нејзиниот настап в среда во Лондон на која што пишува „не знам дали ќе некогаш ќе одам на турнеја повторно, па затоа сакам мојата последна турнеја да ми биде дома“.
Нејзиното соопштение доаѓа на крајот на 15-месечната турнеја низ Европа, САД, Австралија и Нов Зеланд.
„Одење на турнеи е чудна работа, не ми одговара нешто посебно“, рече таа.