Големиот пожар што вчера избувна над струшките села Делогожда и Поум е локализиран и пожарникарите работат на негово гаснење.
Во гаснењето на пожарот покрај противпожарните екипи од Струга и Охрид вклучени се и ертракторите.
Од противпожарната екипа за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека пожарот е ставен под контрола и работат на негово целосно гаснење.
Противпожарната единица во Струга поради големината на пожарот и ветерот вчера побарале помош од охридските пожарникари, а од Дирекцијата за заштита и спасување побарале да се активираат и ертракторите.
Пожарот над селото Делогожда бил пријавен вчера околу 15 часот.