КОМИСИЈАТА НЕ Е НАДЛЕЖНА ДА ПОСТАПУВА ПО ИЗВЕСТУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ИМУНИТЕТОТ, ВЕЛАТ ОД КАБИНЕТОТ НА ЏАФЕРИ

    КОМИСИЈАТА НЕ Е НАДЛЕЖНА ДА ПОСТАПУВА ПО ИЗВЕСТУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ИМУНИТЕТОТ, ВЕЛАТ ОД КАБИНЕТОТ НА ЏАФЕРИПратеникот Никола Груевски на 30 јуни ја известил Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека се откажува имунитетот. (Фото: СДК.МК)

    Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања не е надлежна да постапува по известувањето на пратеникот Никола Груевски за откажување од правото на имунитет, доставено на 30 јуни. Од Кабинетот на Џафери велат дека Комисијата постапува по Барање за одобрување на притвор, кое што судот го доставува до претседателот на Собранието, по што Барањето се доставува до Комисијата.

    „Во врска со Известувањето од страна на пратеникот Никола Груевски за откажување од правото на имунитет, доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието на Република Македонија, на 30 Јуни 2017, Ве известуваме дека Комисијата не е надлежна да постапува по ова известување. Согласно член 53 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата постапува по Барање за одобрување на притвор, кое надлежниот орган (судот), го доставува до претседателот на Собранието на Република Македонија, по што Барањето се доставува до Комисијата“, соопштија од Кабинетот на Џафери.

    Основниот суд Скопје 1 денеска треба да ги соопшти одлуките по барањата за притвор на Никола Груевски, Мартин Протогер, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски во случајот „Титаник“ на СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира