Премиерот Зоран Заев го нарече лицемерен денешниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието новиот Јавен обвинител да се бира со двотретинско мнозинство на предлог на опозицијата.
„Малку е лицемерен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието името на Јавниот обвинител да го дава опозицијата, бидејќи Македонија е заробена држава и затоа што не функционира правната држава. Во моментов ни треба да се избере врвен експрерт за да се врати фунцкионирање на правната држава. Очекувам тоа да е експертско решение“, одговори Заев на новинарско прашање за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.
Прашан кога ќе се знае името на новиот Јавен обвинител, Заев рече дека колку што е запознаен со постапките, треба прво да се разреши Зврлевски, па да се распише конкурс, па мислење од Советот на јавни обвинители и на крај парламентот да го потврди името на кандидатот.
Разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски е на дневен ред на денешната седница на Собранието.
Г. ТРПЕНОСКИ