Турската опозиција ќе го заврши денеска 400 километарскиот марш по 25 дена пешачење со масовен митинг во Истанбул.
На Маршот на правдата му се придружија десетици илјади луѓе, откако пратеник од опозицината Народна републиканска партија (ЦХП) беше казнет со затвор од 25 години затоа што на медиумите им дал информации за транспорт на оружје во Сирија.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган во обид да го дискредитира мирниот марш ја обвини опозицијата дека „работи со терористичките организации“.
Главниот слоган на маршот е „право, закон и правда“ кој демонстрантите го скандираа марширајќи секој ден по околу 20 километри на жешкото време на патот од Анкара до Истанбул.