На Самитот на Глобалната уредничка мрежа што се одржува во Виена светските лидери во новинарството се соочуваат со предизвиците како да ги пренесат информациите со помош на новите дигитални алатки.
Ејми Веб, основач на „Институтот Иднината Денес” предупреди дека директорите на информативните куќи се зафатени со парадоксот на сегашноста, а тоа е неможност да видат подалеку од она што тие го знаат како вистина и нивното отфрлање на нови идеи.
“Вестите беа модел на дистрибуција, сега имаме модел на откривање, сега има ерозија на довербата”, рече Веб на една работилница на Самитот наречен”Од пост-вистина до виртуелна реалност: навигација низ иднината на медиумите” .
Нејзината презентација беше полна со совети како да се надминат предрасудите од традиционалното нивинарство со радикално преиспитување на односот помеѓу новинарството, луѓето и технологијата.
Таа предвидува дека иднината на вестите ќе вклучува препознавање на визуелни алатки и зголемена реалност, но рече дека немало ниту една новинска организација која работи на стратегија за препознавање на визуелни предмети како алатка за зголемени приходи, реклами или содржини.
“Колективно, новинарството следеше погрешен траг”, се жали таа.
Во Виена се собраа светските уредници од Си-Ен-Ен, Вашингтон Пост, Гугл, Фејсбук, Твитер, Фајненшл Тајмс, Базфид, Гардијан и Сторифул како и претставници од академскиот свет, сродни индустриски компании и футуристи.
На собирот беше понудено огромно знаење преку панели, работилници и часови за иднината на уредувачката анализа, визуелното раскажување стории на Фејсбук, подкастинг, истражувачко известување за борбата против корупцијата, карктерот на вестите кој се менува на Твитер и монетизацијата на социјалните медиуми.