ОПОЗИЦИЈАТА ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ, КАЖА РОТ ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВ

    ОПОЗИЦИЈАТА ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ, КАЖА РОТ ПО СРЕДБАТА СО ДИМИТРОВМинистерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со германскиот државен министер за Европа Михаел Рот. (Фото: МИА)

    Државниот министер за Европа во германското министерство за надворешни работи Михаел Рот кажа дека првите чекори на Владата се во вистинска насока и ја повика опозицијата да се вклучи во процесот на нивното спроведување за да се напредува на патот на евроинтеграциите на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

    „Првите чекори на Владата се во вистинска насока, но потребно е и опозицијата да се вклучи во процесот на нивното спроведување за да се напредува на патот на евроинтеграциите, а за тоа ја имате поддршката од Германија. Новата Влада воведе мноштво мерки кои што треба да создадат повторно доверба, меѓу другото, и со Грција, но и со Бугарија. Сметам дека тоа е вистинскиот правец. Сигурен сум дека македонската Влада и понатаму ќе работи на намалување на тензиите и на градењето доверба“, изјави Рот.

    Министерот Димитров, пак, запрашан за договорот за добрососедство со Бугарија, рече дека сè уште е рано да се објават детали од договорот и дека соопштувањето на прецизни формулации може да влијае на консултациите.
    „Она што можам да го кажам е дека и македонската страна и бугарската страна се раководеа од начелото ‘ако те уништам тебе, ќе се уништам и себе’. Базата за компромис што ја постигнавме е добра основа да се потпише текст што и ние и Бугарија со горда и исправена глава ќе го потпишеме. Тоа беше целта и мислам дека двете делегации ги напуштија преговорите со чувство дека во рамките на околностите направивме максимум“, изјави Димитров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира