ЗГРЕШИВМЕ ШТО ЈА ПРИЗНАВМЕ МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ, КАЖА ДАЧИЌ ПО СРЕДБАТА СО КОЅИЈАС

    ЗГРЕШИВМЕ ШТО ЈА ПРИЗНАВМЕ МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ, КАЖА ДАЧИЌ ПО СРЕДБАТА СО КОЅИЈАСВ четврток во Солун ќе биде одржан состанокот на Високиот совет за соработка помеѓу Србија и Грција, а делегацијата на Србија ќе ја предводи претседателот Александар Вучиќ. - Министрите за надворешни работи Грција и Србија Никос Коѕијас и Ивица Дачиќ

    Српскиот министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ кажа дека Србија направила грешка кога пред 20 години ја признала Македонија под уставно име по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас, објави агенцијата „Мета“.

    „Сметам дека Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Тоа не беше коректно спрема Грција, а Скопје секогаш имаше негативен став спрема прашањето за Косово и Метохија. Тие ја признаа независноста на Косово и гласаа за прием на Косово во УНЕСКО“, изјави Дачиќ.

    Тој додаде дека Србија нема да повлекува никакви потези кои би можеле да ја нарушат стабилноста на регионот и дека „за разлика од некои други народи, Србија нема територијални претензии кон делови на Грција“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира