ЦВРСТО СТОИМЕ ЗАД РЕФОРМИТЕ НА ЗАЕВ, КАЖА БОРИС ЏОНСОН ВО ТРСТ

    ЦВРСТО СТОИМЕ ЗАД РЕФОРМИТЕ НА ЗАЕВ, КАЖА БОРИС ЏОНСОН ВО ТРСТБританскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон твитна дека во Трст му честитал на новиот македонски премиер Зоран Заев. (Фото: Твитер)

    Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон во Трст имаше билатерална средба со премиерот Зоран Заев по која што на Твитер напиша дека Велика Британија цврсто стои зад неговите реформи.

    „Се сретнав и му честитав на новиот македонски премиер Зоран Заев на Самитот во Трст. Велика Британија цврсто стои зад неговите реформи“, твитна Џонсон.
    Во Трст, Џонсон потврди дека Велика Британија следната година ќе биде домаќин на Самитот на земјите во Западен Балкан.

    На Самитот во Трст, Заев имаше и билатерална средба со германската канцеларката Ангела Меркел која изразила поддршка за новата Влада, за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ, соопштија од кабинетот на премиерот.

    Шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, вчера во Трст го усвоија повеќегодишниот Акциски план за регионален економски простор на Западен Балкан наречен МАП, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), кој е овластен да го следи целиот процес.

    МАП има цел да овозможи „непречен протек на стока, услуги, капитал и на квалификувана работна сила“, со што регионот би требало да биде поатрактивен за вложувања и за трговија и да го забрза приближувањето кон ЕУ на земјите потписнички.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира