ОДЗЕМАЊЕТО НА ПАСОШОТ НЕ СООДВЕТСТВУВА СО КАРАКТЕРОТ НА ИВОНА, СЕ ПОЖАЛИ НЕЈЗИНАТА ОДБРАНА

    ОДЗЕМАЊЕТО НА ПАСОШОТ НЕ СООДВЕТСТВУВА СО КАРАКТЕРОТ НА ИВОНА, СЕ ПОЖАЛИ НЕЈЗИНАТА ОДБРАНАОбвинетата Ивона Талевска на денешната јавна расправа на Апелациниот суд. (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд отвори расправа по жалбата на сопственичката на фирми и новинарка Ивона Талевска од „ТВ Сител“, која си го бара одземениот пасош назад. Таа е обвинета за даночно затајување во висина од 44,5 илјади евра. Претседателката на кривичниот совет во Скопска апелација Лилјана Шопова ја прочита најпрво одлуката на Основниот суд Скопје 1, кој што навел дека одлуката за одземање на патната исправа е оправдана, бидејќи Талевска често патувала во странство и оти имало опасност од нејзино бегство.

    „Тенденциозен е предлогот за одземањето на пасошот на Талевска и не соодветствуваа со нејзините карактер и личност. Таа често патува зашто е заменик главен уредник на национален концесионер како што е Сител. Нема ни најмала можност да избега или да ја одолговлечи постапката”, рече одбраната на Ивона Талевска.

    Обвинителот од СЈО Стевчо Донев потсети дека судот имал предвид дека Ивона Талевски е и новинар.
    „Ќе се загрози постапката ако и се даде можноста да избега”, рече Донев и побара да остане одлуката за одземање.
    „Да имаше можност да избегам, пасошот ќе ми го одземеа на почетокот на отворањето на истрагата против мене“, рече Талевска.
    За одлука, второстепениот совет нема рок кога да ја донесе.

    Талевска е обвинета дека преку своите две фирми „Смарт центар“ и „Смарт груп“ од 2008 до 2014 година затаила данок во износ од 44,5 илјади евра. Обвинета е дека лажирајќи во документите дека набавила стока за своите фирми, ја намалила даночната основа, го злоупотребила правото на одбивка на ДДВ и не пријавила лични приходи. Од асортиманот, наводно за фирмите, таа набавила долна облека од 500 евра, здолништа, шминки, пудри од над илјада евра, врвно дизајнирани кујнски садови, велосипеди од над 500 евра…

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира