Марјам Мирзахани, првата жена што го доби престижниот медал Филдс за математика, почина во САД.
40-годишната професорка имала рак на дојка, кој се прошири на коските.
Познат како „Нобелова награда за математика”, медалот Филдс се доделува на секои четири години на два до четири математичари под 40 години. Проф. Мирзахани, Иранка,го освои во 2014, за нејзината работа на комплексната геометрија и динамички системи.
Родена во 1977, проф. Мирзахани порасна во постреволуционерниот Иран и освои два златни медали на Меѓународната математичка олимпијада како тинејџерка. Докторираше на Универзитетот Харвард во 2004, а подоцна стана професор на Стенфорд.
Кога пред 3 години го освои медалот Филдс заврши долго чекање за жените во математичката заедница за наградата, која се доделува од 1936. Професор Мирзахани, исто така, беше прв државјанин на Иран што го освоила медалот.
Професорката Франсес Кирван, членка на комитетот за избор на добитници на медалот на Универзитетот во Оксфорд, во тоа време изјави: „Се надевам дека оваа награда ќе инспирира многу повеќе девојки и млади жени, во оваа земја и во светот, да веруваат во нивните сопствени способности и да имаат за цел да бидат идни носители на медалот Филдс”.