НОВОРОДЕНЧИЊАТА ЌЕ СЕ ЗАВЕДУВААТ ВО МАТИЧНО ИСТИОТ ДЕН ПО РАЃАЊЕТО, НАЈАВИ ТАРАВАРИ

    НОВОРОДЕНЧИЊАТА ЌЕ СЕ ЗАВЕДУВААТ ВО МАТИЧНО ИСТИОТ ДЕН ПО РАЃАЊЕТО, НАЈАВИ ТАРАВАРИ„Хигиената во болниците останува главен проблем и во следните пет-шест месеци еден од моите главни фокуси ќе биде хигиената во сите болници“, рече министерот Таравари по денешното чистење на слободниот простор меѓу клиниките во скопскиот Клинички центар (Фото: МИА)

    Новороденчињата ќе бидат заведени во матичната книга на родени уште истиот ден по раѓањето и веднаш ќе добијат извод, како и календар на вакцини со препораки за мајката за следните неколку месеци, најави министерот за здравство Арбен Таравари.

    „Се работи за една новост, кога ќе се роди детето, да не се оди никаде туку во болница да се дава извод од матичната книга на родени и препораки за мајките за следните неколку месеци“, рече Таравари, најавувајќи повеќе детали за следната недела.

    Министерот во однос на ревизиите на досегашното работење и именувањата на нови директори на здравствените установи и клиниките рече дека ќе има смени и оваа и следните недели.

    „Засега е направена ревизија само на Министерството за здравство, а ќе направиме ревизии на клиниките кога ќе именуваме нови директори. Именувања ќе правиме и оваа недела, но полека, не брзаме, 70-80 отсто од клиниките во наредните недели ќе имаат нови директори“, рече Таравари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира