ПЕШЕВСКИ НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, АМА ОСТАНУВА БЕЗ ПАСОШ

    ПЕШЕВСКИ НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, АМА ОСТАНУВА БЕЗ ПАСОШСЈО бараше Пешевски да добие мерка притвор, поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и одлична имотна состојба на обвинетиот - од сослушувањетона поранешниот вицепремиер во Апелациониот суд во Скопје минатата недела (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот Владимир Пешевски, обвинет во случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, останува без пасош, одлучи тричлениот кривичен совет на Апелациониот суд Скопје. Жалбата му е одбиена, како што е одбиена и жалбата на СЈО во овој предмет, кое докрај остана на барањето Пешевски да добие мерка притвор, поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и одлична имотна состојба на обвинетиот. Пешевски е еден од четворицата обвинети за проневерени 155 милиони евра во постапката за изградба на кинеските автопати.

    Исто и на бизнисменот и новинар Драган Павловиќ – Латас му е одбиена жалбата за пасошот. Но и тука СЈО бараше притвор, поради што ја обжали одлуката на Кривичниот суд само да му биде одземен пасошот. Апелација одлучи да се одбие жалбата на СЈО.

    И жалбите на обвинетите браќа  Звездан и Срѓан Павловиќ се одбиваат како неосновани, исто како и на Небојша Страјковиќ од „Трезор“, Љупчо Георгиевски обвинет во „Траекторија“ и на Ѓоко Поповски , обвинет во случајот „Триста“. Сите остануваат без пасош, одлучи Апелација.

    Латас е обвинет за даночно затајување преку своите 4 фирми, во износ од 146 илјади евра, но и за бесправно градење, каде што е обвинет заедно со неговите браќа Звездан и Срѓан.

     Георгиевски е обвинет во „Траекторија“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира