ВОДОВОД ЌЕ ЈА ПОКРИЕ ОПАСНАТА ШАХТА КАЈ АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ

    ВОДОВОД ЌЕ ЈА ПОКРИЕ ОПАСНАТА ШАХТА КАЈ АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМШахтата пред Агенцијата за филм зјае најмалку две недели (Фото: СДК.МК))

    Јавното претријатие „Водовод и канализација“ ќе ја покрие отворената шахта на улицата 8 Март во Центар кај Агенцијата за филм во Скопје. Екипа од претпријатието, по направениот увид утврди дека шахтата не е во нивна надлежност, но сепак ќе интервенираат.

    „Споменатата шахта, која е е отворена, односно е без капак не е во надлежност на ЈП ’Водовод и канализација – Скопје’, туку се работи за приватна или во сопственост на куќниот совет од тамошните згради и фирми. Покрај тоа, ние ќе набавиме соодветен капак и ќе го монтираме во текот на денот“, најавија од „Водовод“.

    Шахтата пред Агенцијата за филм зјае најмалку две недели. Скопјанка минатата недела пропадна во неа кога се обидела да излезе од кола, паркирана на тротоарот откако за сантиметар со тркалото ја избегнала отворената дупка. Од Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ минатата недела кажаа дека отворената шахта ја пријавиле во „Водовод“.

    Од претпријатието велат дека кражбите на шахти и сливници, во последните 5-6 години оваа појава се драстично намалени.

    „Ако порано имаше 400-500 кражби годишно, сега се сведени на 20-30 годишно. Прво, бидејќи сега шахтите се заклучуваат, второ бидејќи се поставуваат од композитни материјали, кои не се атрактивни за крадците и трето поради мерката која се воведе по наша иницијатива, секоја продажба на метални материјали да биде регистрирана и да има потекло“, велат од „Водовод“.

    М. И. ПАЧЕМСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира