ДРВОКРАДЕЦ СО ПРИКОЛКА ПОЛНА ДРВА ГО ПРЕГАЗИЛ БИТОЛСКИОТ КОМАНДИР НА ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА

    ДРВОКРАДЕЦ СО ПРИКОЛКА ПОЛНА ДРВА ГО ПРЕГАЗИЛ БИТОЛСКИОТ КОМАНДИР НА ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈАПанорама на Битола (Фото:СДК.МК)

     

    Вистинска драма се случила претпладнево во местото викано Избишки Долишта кај Ресен при акција на шумски полицајци да спречат нелегална сеча и транспорт на дрва. Еден до двајцата дрвокрадци со нож замавнал кон командирот  на шумската полиција во Битола, а потоа пуштил приколка натоварена со дрва му му ги прегази нозете.

    Според извештајот на битолската полиција, настанот се случил околу 10:30 часот во атар на село Избиште. Две возила на шумската полиција со седум полицајци при контрола затекнале трактор со приколка, натоварен со дрва и моторна пила.  Во тракторот се наоѓале две машки лица. Шумските полицајци се обиделе да ја одземат моторната пила, но лицата давале отпор. Во препирањето едно од лицата успеало да побегне, но за кусо се вратило со мотор. На лицата им било објаснето дека тракторот и приколката ќе им бидат одземени и биле известени дека требало да ги однесат во дворот на шумската полиција во Ресен. Тракторот тргнал напред, а возилата на Шумска полиција по него.

    Лицето кое претходно се оддалечило се вратило со мотор, го пропуштил тракторот и го фрлил моторот пред возилото на полициајците со цел да го попречи нивното движење. Шумските полицајци излегле од возилото и продолжиле пеш да го следат тракторот. Командирот на Шумската полиција го стигнал тракторот, успеал да се качи на него и на возачот му наредил да застане. Возачот извадил нож и замавнал кон командирот. Тој скокнал од тракторот и паднал на земја, возачот на тракторот ја отпуштил приколката, а  со трактотор го напуштил местото на настанот. Приколката поминала врз долните екстремитети на командирот при што тој добил скршеница на нозете. На лекување префрлен е во битолската клиничка болница.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира