Гори борова шума над скопското село Кучково, а според информациите од Центарот за управување со кризи и покрај тоа што екипи од повеќе служби се на терен и го гаснат огнот, пожарот уште е активен.
„Во гасење на пожарот учествува противпожарната бригата на град Скопје, екипи од шумското стопанство Караџица, припадници на Министерството за внатрешни работи, а се интервенира и со авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот е уште активен“, вели Надица В’чкова од Центарот за управување со кризи.
Станува збор за непристапен терен, а пожарот и лесно се шири.
„Засега немаме прецизна информација колкава површина е опожарена“, изјави В’чкова.