Маж од Јута си ја убил сопругата за време на крстосување со брод кај Аљаска и потоа му кажал на познаник, кој влегол во кабината испрскана со крв, дека го направил тоа бидејќи таа не сакала да престане да му се смее, покажаа документите што ги објави ФБИ.
Кенет Манзанарес бил најден во кабината на бродот на компанијата „Принсес Крузис“ во вторникот вечер со крв на рацете и на облеката. ФБИ вели дека 39-годишната жена, идентификувана само како К.М., имала сериозни повреди на главата, но не откри повеќе детали за нејзината смрт. Манзанарес бил уапсен на огромниот брод за крстосување со 3.400 патници, кој што во неделата испловил од Сиетл.